Засновање на работен однос и распоредување на вработените
Работен однос во Агенцијата може да заснова лице кое,
покрај општите услови, ги исполнува и следниве посебни услови.
1) да не е осудувано за кривично дело против
уставното уредување и безбедноста на Република Македонија, против слободите и правата на човекот и граѓанинот,
стопанството, вооружените сили на Република Македонија, службената должност, тешки дела против животот и телото,
имотот или кривично дело извршено од користољубие и нечесни побуди,
2) против него да не се води
кривична постапка за кривичните дела,
3) со правосилна пресуда да не му е изречена мерка за
безбедност,забрана за вршење на професија, дејност или должност додека трае таквамерка и,
4) да е здравствено
и психо- физички способно.На вработен кој е осуден за кривично дело од кое се гони по службена должност или
на кого му е изречна мерка набезбедност забрана на вршење на професија, дејност или должност, мупрестанува
работниот однос во Агенцијата со денот на врачувањето направосилна пресуда.Постапката по јавен оглас за прием
на лица во Агенцијата може да трае иподолго од времето утврдено со закон, но не подолго од три месеци. Работен
однос во Агенцијата без јавен оглас се заснова на посебниработни места со завршени ученици од средно образование
и студенти восите степени и стипендисти на Агенцијата. Лице кое заснова работен однос или се распоредува на
определенопосебно работно место за кое е потребно остручување на работата сеупатува на стручно оспособување
и усовршување во соодветниорганизации од областа на образованието, односно други форми настручно оспособување.
Времето поминато на стручно оспособување на приправник во смисла насе засметува во приправнички стаж.На вработен
кој е упатен на стручно оспособување и усовршување му сеобезбедува бесплатно сместување и храна, односно му се
надоместуваат трошоците за превоз, сместување и исхрана. Со решение на директорот, вработен во Агенцијата може
да биде распореден во секоја организациона единица на работно место кое одговара на неговата стручна подготовка.
Жалбата против решението го одлага извршувањето на решението. На вработениот кој од неоправдани причини во рок
од седум дена од денот на врачувањето на решението не стапи на работа, му престанува работниот однос. Решението
за распоредување во организациона единица надвор од седиштето на Агенцијата задолжително се преиспитува по секоја
помината година на распоредување. Вработениот има право на плата во висина на платата остварена во последниот
месец пред распоредувањето ако тоа за него е поповолно, надоместок за патни и селидбени трошоци, надоместок за
одвоен живот ако не му е обезбедено сместување или стан, на секој трет месец седум дена платено отсуство и надоместок
на трошоци за превоз заради потесното семејство од кое вработениот живее одвоено. Кога распоредувањето трае подолго
од шест месеци на вработениот му се обезбедува сместување или стан.