Скопје – 13 јуни 2017 година

Соопштение МПС


ДО: ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ И СИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ И ПИШАНИ МЕДИУМИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРЕДМЕТ: СООПШТЕНИЕ ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЈАВНОСТА; ДОСТАВУВА


Почитувани
Македонскиот полициски синдикат и Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија Ве информираат дека на 13.06.2017 година, раководствата на двете организации предводени од Претседателот на МПС – Ацо Антовски и Директорот на Агенцијата за разузнавање – Др. Зоран Иванов остварија официјална средба како социјални партнери.
На средбата заеднички беше утврдена потребата од продолжување на социјалниот дијалог на рамноправна основа помеѓу Македонскиот полициски синдикат кој е единствен репрезентативен синдикат во Агенцијата и Агенцијата за разузнавање како работодавач.
Би сакале да издвоиме дека главни поенти на средбата беа усогласените ставови околу потребата од континуирано зголемување на платите на вработените во Агенцијата за разузнавање со цел подигнување на нивниот животен стандард и следење на платите во останатите безбедносни институции во државата, унапредување на состојбата на вработените во делот на правата за остварување пензија, односно нивно усогласување со нормите кои важат за вработените во МВР на РСМ кои се со статус на овластени службени лица и полициски службеници, реализирање на законските норми во делот на безбедност и здравје при работа, како и потребата од позитивен пристап при идните постапки за склучување на Колективен договор на Агенцијата.
На крајот Македонскиот полициски синдикат и Агенцијата за разузнавање информираат дека силно и партнерски ќе работат за реализација на погоренаведените усогласени ставови и се надеваат на нивна брза реализација.
Со почит,

МАКЕДОНСКИ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ

АГЕНЦИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ